Советниците на СДСМ од Берово се против донација за изградба на православна црква во градот

Советниците од СДСМ во Советот на Oпштина Берово се против донирање на средства од компанијата ЗЕГИН, наменети за изградба на православен верски објект, црква „Св. Пантелејмон“ во туристичката населба „Беровско Езеро“. Донацијата не е реализирана од причини што Советот на Општина Берово предводен од СДСМ ја отфрли како точка на дневен ред Одлуката за донирање предложена од страна на градоначалникот Драги Наџински доставена на 05.07.2017 година за да се расправа по истата на 37-мата седница на Советот, но истата беше отфрлена од дневниот ред.

Во текот на 2016-та година на иницијатива на угледниот стопанственик и донатор Благој Механџиски, кој по потекло е од Малешевијата, се почна со постапката за изградба на православна црква „Св. Пантелејмон“ на Беровското езеро. На големиот христијански празник „Богородица“ на 28 август 2016 година во присуство на голем број на верници и во присуство на поглаварот на МПЦ Г.Г Стефан, владиката Наум и голем број свештени служители од Берово и регионот, се постави камен темелник на црквата „Св. Пантелејмон“.

По извесно време, од страна на разноразни емисари, адвокати и партиски послушници на СДСМ почна да се опструира проектот, со поднесување на пријави до надлежните судови без никаков основ, сè со цел да се спречи проектот и градбата. Последниот обид беше на 37 седница на советот на општина Берово на која беше побарано да се стави за точка на дневен ред, но истата од советничкото мнозинство на СДСМ не беше дозволено воопшто да се стави на дневен ред. Советниците на СДСМ не дозволија да се разгледува и дебатира за црквата.

„Спонзорирањето и донирањето од страна на господинот Механџиски не е реализирано од причини што Советот на Општина Берово предводен од СДС ја отфрли како точка на дневен ред Одлуката за донирање предложена од страна на градоначалникот која можете да видите дека е доставена на 05.07.2017 година за да се расправа по истата на 37-мата седница на Советот, но истата беше отфрлена од дневниот ред. Тоа зборува дека СДС не сака големи настани, не сака промоција на општината, не сака донирани средства со кои сите граѓани и голем број на гости ќе уживаат во празничните денови во Берово“, велат од општината.

Беровчани, кои во 18-тиот век со свои раце изградија црка за 40 дена, денеска во 21-ви век СДСМ спречува донација за изградба на православна црква. Ваквиот обид да се уништи сè што е македонско и да не се дозволи да се гради храм на православните македонски верници во Берово и Малешевијата и илјадниците туристи посетители на Беровското езеро во најмала рака е срамен.