Советниците на СДСМ од Прилеп не гласаа за одбивање на Стратегијата за вдомување на мигранти- ја напуштија седницата

Советниците на Општина Прилеп во четвртокот требаше да дискутираат по една точка на дневен ред предлог одлука за определување на местата и условите за истакнување на изборни плакати, но по барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери покрај редовната точка на дневен ред, советничката Силвана Пашоска, предложи на дневен ред да се постави предлог–одлуката за неприфаќање на Нацрт–стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2017/2027 и Националниот акционен план произлезен од стратегијата, донесени од Владата на Република Македонија, според која, ќе треба да се населат, мигранти, бегалци во Општина Прилеп.

На ова, советниците на СДСМ реагираа и ја напуштија седницата на Советот на Општина Прилеп.

Советнците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери ја образложија причината зошто е поставена оваа точка на денвен ред. Тие на говорницата истакнаа дека се против ставот за домување на мигранти и нивно интегрирање, односно населување на територијата на Општина Прилеп, по барање и честите средби со граѓаните на Прилеп.

„Нацрт–стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2017 е исклучитлно важно прашање и како што и самите советници напоменаа ова ја разбранува македонската јавност, односно прилепската јавност, каде се планира да се населат дел од мигрантите. Многу наши сограѓани се обратија до нас, како советници, по ова прашање, а особено загрижи фактот што Министерството за труд и социјална политика во јули се обрати до ЗЕЛС, каде е членка и нашата Општина, за да дадеме мислење за оваа стратегија, што само посебе дирекно ја вклучува нашата Општина, да одлучи за смесување на мигранти, бегалци на нашата територија. Имајќи го сето тоа во предвид. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери го поставија ова како прашање на седницата, бидејќи советниците сметаат дека ова ќе го наруши социо–економскиот систем на нашата држава, но исто така и безбедносниот, па оттука едногласно, како советничка група донесовне заклучок дека оваа стратегија е неприфатлива за граѓаните на Оптшина Прилеп. Жално е што советниците на СДСМ, ја напуштија сендицата при овој предлог и не останаа да дебатираат по барањето на граѓаните, иако во изминатиот период велеа дека граѓаните за нив ќе бидат во прв план и ќе дебатираат во името на граѓаните за разни прашања Но денеска ја напуштија седницата и несакаа да дебатираат за вакво исклучително важно прашање за граѓаните на Прилеп“, рече претседателот на Советот на Општина Прилеп, Никола Димески.

Димески појасни дека не станува збор за нехуманост и оти прилепчани во изминатиот период во многу наврати покажаа дека се хумани луѓе и помагаат без разлика на вера, национална припадност, раса и боја на кожа.

„Но овде не станува збор за тоа, станува збор за страв на граѓаните од Општина Прилеп кои стравуваат дека преку интеграцијата на миграните ќе се за наруши нивниот социо–економски живот, но и демокрафската слика на градот, бидеќи тие тука треба да се образуваат, да бидат вдомени, да работат“, додаде Димески

Предлог–одлуката за неприфаќање на Нацрт–стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2017 – 2027 и Националниот акционен план произлезен од стратегијата, беше прифатена со 14 гласови „за“ од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ , без присуство на советниците од СДСМ и неговите коалициони партнери, кои ја напуштија деншната 66-та редовна Седница на Советот на Општина Прилеп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.