Советниците на СДСМ во Скопје избегаа од расправа за загадениот воздух

Советниците на СДСМ во Град Скопје денес ја напуштија седницата. Но, не пропуштија да дадат изјави за медиумите, полни со обвинувања, пренесува Курир.

Наместо да останат на советничките клупи и да расправаат, меѓу другото, и за загаденоста на воздухот, тие решија да водат популистичка политика.

Советниците на СДСМ, избрани од граѓаните, денеска покажаа целосна негрижа за здравјето на оние кои им изгласаа доверба.

Курир посочува  дека тие наместо на Совет, сакаат да водат расправа пред медиумите. Бараа точката за воздухот да се стави прва на дневен ред. Потоа одбија да учествуваат во расправата за оваа точка, напуштајќи ги бараките.

Град Скопје превзема активности за намалување на загаденоста на воздухот и ги почитува насоките дадени од македонската Влада.

Она што советниците на СДСМ во Град Скопје треба да го знаат е дека не смеат да избегнуваат расправа за вака важно прашање. Покрај тоа, познато е дека за време на владеењето на СДСМ воопшто не се мереше загаденоста на воздухот.

Сега, по јавна објава на мерките со кои се справуваме со загадениот воздух, опозиционерите во Град Скопје, избегаа од расправа, затоа што не се игра по „нивни правила“.