Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираат седницата на советот во Чешиново – Облешево

Советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираат седницата на Советот во Општина Чешиново- Облешево.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ја напуштија седницата во Чешиново- Облешево во знак на револт поради притворените пратеници од немилите настани на 27 април годинава.

Ваквата одлука е донесена поради политичките случувања и политичкиот прогон кој власта го врши врз пратеници, функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

На локалните избори одржани во октомври, ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина освои мнозинство гласови, односно 1/769, пред советничката листа на СДСМ со 1.642. ВМРО-ДПМНЕ има 5 советнички мандати, исто колку и СДСМ, додека НДМ има еден.