Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Штип ја напуштија седницата на Советот и порачаа: И ние сме терористи (ВИДЕО)

Како реакција и одговор на приведувањето и апсењето на луѓето кои го бранеа Уставот на 27 април оваа години, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија во Штип, одлучи да не присуствува на седницата на Советот на општината.

Еден од советниците кажа дека во време кога се ослободуваат сторители на тешки кривични дела, убијците на децата од Смилковски езеро.

„Затоа демонстративно ќе ја напуштиме оваа седница и ќе порачаме на Министерството за внатрешни работи, на Јавното обвинителство дека ако е грев да се сака Македонија, дека и овде има луѓе коишто ја сакаат Македонија и коишто според нив се терористи“, изјави еден од советниците.

Пред да ја напуштат седницата сите советници порачаа дека се терористи после што скандираа „Македонија, Македонија“.

Инаку, досега советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово и Ѓорче Петров демонстративно во знак на поддршка за политички уапсените граѓани демонстративно ги напуштија седниците на Советите, додека советниците на опозициската партија од Вевчани, дадоа колективна како знак на поддршка на уапсените, меѓу кои е и нивниот сограѓанин и пратеник во Собранието, Крсто Мукоски.