Лути на Шиповиќ советниците од СДСМ ја напуштија седницата

Во знак на револт, опозициските советници ја напуштија седницата на Советот на  Општина Центар, откако со клучна поддршка на претседавачот Мирослав Шиповиќ, не се изгласа предлогот на градоначалникот Андреј Жерновски, да се тргнат точките кои предвидуваат корекција на детални урбанистички планови, кои за советничката група од СДСМ се штетни за жителите на Центар и спротивни на законите.
Откако по долга дискусија во која опозицијата се обидуваше да објасни зошто не треба да се стават на гласање овие точки, Жерновски, реши да ја напушти седницата, велејќи дека не сака да биде дел од нечиј криминал, а поддршка доби и од своите сопартијци.

„Ја напуштам седницата бидејќи се работи на незаконски начин. Граѓаните ќе можат да видат кој утре ќе биде одговорен за тоа што ќе се случува на падините на Водно. Секој што ќе гласа, ќе треба понатаму да живее со својата совест “, рече Жерновски

Веднаш потоа Шиповиќ прогласи еден час пауза. Освен жолчната дискусија за тоа дали треба или не треба да се расправа за ДУП-овите „Тасино чешмиче“ и „Капиштец-Водно“ , спорните точки  се’ уште не се дојдени на дневен ред.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.