Советник од СДСМ премина во редовите на ВМРО -ДПМНЕ во Прилеп

Ерџан Еминоски, советник во Советот на Општина Прилеп ја напушти коалицијата од СДСМ и премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија.

Тој се одлучил на овој чекор сметајќи дека со ВМРО-ДПМНЕ повеќе ќе придонесе за развојот на Прилеп и Република Македонија.

„Во разговор со голем дел од граѓаните на Општина Прилеп кои гласаа за мене, не можам повеќе да се согласам со политиките кои ги води СДСМ. Тоа е политика на отпор, бојкот и постојано нанесување на штета на градот и државата. Тоа не е ниту моја желба, ниту желба на граѓаните кои ги застапувам. Во услови кога Прилеп постојано се развива, кога Република Македонија чекори кон економски напредок, кога постојано се реализираат проекти за доброто на граѓаните, кога постојно се исполнуваат условите потребни за влез во ЕУ и НАТО јас не би можел повеќе да бидам дел од политиките кои свесно го уриваат напредокот на нашата држава, политики кои свесно ја кочат Општина Прилеп, политики на СДСМ кои сакаат црни сценарија, а не напредок“, изјави советникот Ерџан Еминоски .