Советникот на Трамп вели дека со Путин зборувал за „руското мешање“

Советникот на за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, изјави во неделата дека при неговата неодамнешна посета на Москва со рускиот претседател Владимир Путин разговарал за американските сомневања дека наводно Русија се мешала во американските претседателски избори во 2016 година, што овој го отфрлил.

„Прашањето на мешањето во изборите беше дефинитивно нешто за што разговаравме“, изјави Џон Болтон во разговорот за американската телевизиска мрежа CBS News.

Советникот за национална безбедноста на американскиот претседател Доналд Трамп рече и дека во разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ги споменал и наводните руските активноста во врска со претстојните избори за американскиот Конгрес. Болтон рече дека Путин му одговорил „Руската држава не се мешала во 2016-та“.

Болтон рече и дека разговарале и за присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија, а Трамп претходно неколкупати во врска со ова прашање даваше изјави кои ги збунуваа американските западни сојузници.

„Претседателот Путин беше многу јасен во врска со тоа и мојот одговор беше дека ќе мораме да се согласиме дека не се согласувам во поглед на Украина… Ова не е став на Соединетите држави“, рече Болтон.

Во истото гостување Болтон кажа и дека верува оти најголемиот дел од севернокорејскиот нуклеарен потенцијал може да биде демонтиран во рок од една година. Призна дека Вашингтон им пристапува на преговорите со Северна Кореја свесен дека таа во минатото не ги исполнувала своите ветувања. „;Многу добро знаеме што тие сторија во минатото“, рече советникот на Трамп.