Советникот на Заев уапсен за кражба на ќебиња

Зоран Башановиќ кој во соседна Србија гласи за човек со проблематично минато и повеени, новиот советник на македонскиот премиер Зоран Заев, со неговата сопруга пред неколку години беа уапсени во трговски центар на Флорида, а белградскиот портал Ало! Ексклузивно го објави извештајот на американската полиција во кој се наведени деталите оекад апсењето за бизарната кражба на ќебиња и облека.

dokumenta foto Rajko Ristic (3)_1000x0

Според полицискиот извештај од 27 декември 2012 година, биле уапсени сопружниците Зорна и Бојана Башановичќ, а најбизарно до сѐ е што се покажало дека тој иако познат бизнисмен, естраден менаџер и сопственик на телевизија украл стока којашто чинела само 1.050 американски долари, по што се заклучува дека „очигледно станува збор за клептоманија“.

Во наведениот извештај, полицаецот Ешли Елис ги известува своите претпоставени за снимките од надзорните камери во трговскиот центар кои му ги покажало обезбедувањето на трговскиот центар во кој „оперирале“ сопружниците Башановиќ.

Зоран Башановиќ заедно со Бојана избирал стока, ги отстранувал ознбаките и ги криел во вреќите за пазарање. Обвинетиот и неговата помошничка излегле од продавницата и ги испразниле торбите во нивниот џип „мерцедес“. Сопружниците Башановиќ целото време дејствувале заедно, се наведува во полицискиот извештај.

dokumenta foto Rajko Ristic (2)_1000x0

Полицијата натаму наведува дека припадникот на обезбедување прво го набљудувал Зоран Башановиќ и неговата сопруга како избираат некои делови од облека и ги отстрануваат обележувачите.

 

Бојана била уапсена со две торби

Полицаецот откако го фатил во кражбата го прашал Башановиќ дали може да ја добие стоката од неговото и тој дозволил.

„Полицаецот останал со обвинетиот во канцеларијата додека Вилијамс и јас отидовме до автомобилот на обвинетиот . Во возилото имало неколку ќебиња „Ралф Лорен“ и торби за шопинг полни со гардероба од којашто се отстранети одбележувачите. Вилијамс ја препозна целата стока која видел дека обвинетиот и неговата помошничка ги изнесле од дуќанот, претходно отстранувајќи ги маркерите. Кусо потоа рече дека ја видел Бојана загрижена во секторот за декорација. Ѝ пришол и ја фатил во тој сектор. Таа имала количка во којашто биле две торби полни со стока, со искинати обележувачи.

Двојката била уапсена поради ситни кражби и префрлени во полициска станица поради испитување, а потоа се префрлени во притвор.

Zoran i Bojana

„Двајцата ги прикриле избраните работи во бела торба за купување. Додека обвинетиот ја туркал количката, жената ги земала сите торби полни со крадената стока и излегла од продавницата минувајќи покрај касата без намера да плати за украдената стока. Жената се вратила во продавницата без белите торби“, се наведува во полицискиот извештај.

Шефот на обезбедувањето рекол дека потоа сопружниците Башановиќ продолжиле по кражбата да купуваат одвоено, со две колички. По кусо време повторно се сретнале во секторот за декорација на домови, каде земале неколку ќебиња и друг работи во неколку торби.

За што Башановиќ ќе го советува Заев

Зоран Башановиќ кон крајот на јули го прифатил местото специјален советник за економија на Зоран Заев, но уште не е познато, барем за пошироката јавност, што ќе биде неговата конкретна работа. Судејќи според извештајот на американската полиција, би можел да биде „специјален советник за шопинг во странство“.

Башановиќ, инаку, е вториот „кадар“ од Белград кој е многу близок до Заев. Неодамна беше објавено дека поранешниот директор на српскиот оператор со електрична енергија ЕСП, Александар Аца Обрадовиќ, доби и македонско државјанство. Тој беше сериозен фаворит на Заев за челното место во македонската енергетска компанија ЕЛЕМ, меѓутоа очигледно дека реакциите на медиумите и јавноста, поради скандалите кои го следат и овој пријател на Заев, до тоа не дојде.

Башановиќ и Заев, како што пишуваат белградските медиуми, се запознале во Грција, каде што и двајцата имаат куќи. Башановиќ му ветил дека ќе му обезбеди поддршка од српските медиуми. Истовремено Заев преку Башановиќ се запознал со Саша Обрадовиќ, кому му ветил дека ќе го постави за директор на ЕЛЕМ кога ќе стане премиер.

 

Обрадовиќ специјален советник на новиот директор на ЕЛЕМ?

Александар Обрадовиќ не седна во директорската фотелја на ЕЛЕМ, но најверојатно ќе биде ангажиран како советник на Драган Миновски, новиот директор во енергетската компанија, обајви во петокот скопската телевизија Алсат М.

Неговото минато е далеку од добро, тоа е полно со криминали и скандали, премиерот Заев имаше само пофални зборови за Обрадовиќ. Тој дури по итна постапка доби и македонско државјанство, МВР во овој случај членот 11 за државјанство, во кои стои дека лице може да се стекне со статус државјанин на Македонија ако тоа претствавува посебен научен, економски, културен и спортски национален интерес. Ова претставува злоупотреба на членот 11 од законот, бидејќи навистина тешко е да се види сфера во која лице со такво сомнително и криминално минато, би имал посебен придонес за државата.

zaev-obradovic

„Александар Обрадовиќ е квалитетен кадар во областа на енергетиката, но тоа не значи по автоматизам дека ќе биде директор. Да, тој е една од опциите за директор во ЕЛЕМ. Сепак, се уште не знаеме кој од политичките субјекти ќе преземе одговорност врз која институција„, изјави неодамна  премиерот Зоран Заев.

Српски Информер пишуваше дека Обрадовиќ бил еден од главните луѓе кои на Заев му помогнаа да дојде до премиерското столче, иако не ја доби довербата од граѓаните на изборите.

Веќе беше пишувано за контроверзното, полно со скандали и криминално минатото на новиот советник во ЕЛЕМ, Александар Обрадовиќ.

 

Најголемите афери на Обрадовиќ

  1. Невниманието го плаќаат граѓаните на Србија.

Не ја осигурал компанијата од поплави, што се покажа погубно во мај 2014 година, кога цела Србија беше под вода. Меѓу нив биле и „Електростопанство Белград“, хидроелектраната „Џердап“ и „Југоисток“, а РБ „Колубара“ претрпе најголема штета, проценета на 100 милиони евра, додека вкупната е повисока од 300 милиони евра. Тие имале полиси кај „Дунав осигурување“ или кај ДДОР Нови Сад, кои не покривале поплави.

  1. Десет милиони евра за советници, во време кога компанијата имала загуби

Во средината на 2013 година Обрадовиќ и покрај загубите на компанијата од околу 20 милиони евра, распиша тендер за ангажирање на осум консултантски куќи за кои беше спремен да плати околу 10 милиони евра. Обрадовиќ барал советници кои би му помогнале во работите кои можеле да ги покријат 600 директори, колку ги имаше тогаш во ЕПС.

3.Судир на интереси

ЕПС милионски вредна зделка ја додели на чешката филијала на консултантската фирма „Артур Д.Литл“ во која Александар Обрадовиќ претходно со години работел. Зделката ја добија иако нивната понуда не била најповолна. Истовремено, тендерот бил распишан динари, но ЕПС на Чесите им склопиле работа во девизи, поради што само на курсните разлики ЕПС платил 10 милиони динари повеќе отколку што во јавниот повик било прецизирано.

 

4.За логото на ЕПС 42 милиони динари

За промена на визуелниот идентитет на ЕПС издвои нешто помалку од околу 42 милиони динари. За логото 21 милион, а за маркетиншката кампања 20,9 милиони динари.

 

5.Дипломатски скандал со Кинезите

Во текот на самитот на Кина и 16 држави од централна и источна Европа во Белград предизвика дипломатски скандал. Јавноста дознала од СМС преписки на Обрадовиќ со Горан Ѓоковиќ (чичкото на Новак Ѓоковиќ) дека кинескиот амбасадор Ли Мачан бесен излетал од зградата на Владата на Србија, кога дознал дека Србија сака да го менува договореното.

 

6.Разонода за директорите

Раководителите на ЈП ЕПС, во ноември 2015 година потрошиле скоро четири милиони динари на организирање стручен собир во хотелот „Извор“ во Аранџеловац. Собирот „Корпоративно управување“ траел три дена, а хотелот е избран без тендер.

 

7.ЕПС ги заобиколил правилата

ЕПС се обиделе да ги заобиколат правилата за заштита на животната средина на Светскта банка и така да добијат 30 милиони долари за испумпување вода од ископините на јаглен кај Лазаревац. Светскта банка поради тоа ги стопирала преговорите, па и целиот и целиот процес на испумпување вода каснел.

 

8.ТВ ѕвезда

Ја смени главната соработничка за односи со медиумите, затоа што не успеала да ги сопре текстовите на „Блиц“ во кои тој бил главен актер. Неа на местото шеф на Секторот за односи со медиуми, ја замени познатата ТВ ѕвезда, поранешна уредничка и водителка на Телевизија „Прва“, Звездана Јовановиќ Поповиќ.

 

9.Луксузно летување

Покрај упорните повици од тогашниот премиер не само граѓани и политичарите да ги остават парите за летување во Србија, Обрадовиќ одмараше во луксузниот хотел „Регент Порто Монтенегро“ во Тиват, место кое го нарекуваат „црногорско Монако“. Преноќување во овој хотел чини околу 1000 евра.

 

10.Љубител на естрадата

Александар Обрадовиќ на почетокот на својот мандат покажа склоност кон естрадните и познати личности. Имено, тој како свој асистент ја вработи Драгана Милошевиќ, која на таа функција дошла со искуство на балерина во емисијата на продукцијата Гранд. Претходно волонтирала во информативната служба на СНС.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.