Договорени мерки во случај на ескалација на состојбата со мигрантите

Заклучено е Армијата на Република Македонија и Управувачкиот комитет да ги преземат сите потребни мерки во случај на промена на ситуацијата на теренот, во смисла на можни ограничувања на протокот на мигранти во другите држави во Европа, кон кои тие се упатуваат.

Како крајна мерка се предвидува изградба на ограда

Доколку состојбата со протокот на мигранти добие тренд на намалување во другите земји, Советот за безбедност заклучи АРМ и Управувачкиот комитет, како крајна мерка да може да преземат и поставување на барикада со жица на местата на кои ќе се оцени дека е потребно.

Советот за безбедност ја задолжи АРМ веднаш да ги започне сите подготовки и активности за расчистување и подготовка на теренот за евентуално и можно поставување  ограда.

Договорени мерки во случај на ескалација на состојбата со мигрантите
Договорени мерки во случај на ескалација на состојбата со мигрантите

Советот за безбедност потенцира дека поставувањето на оградата не би било во насока на затворање на границата, туку за канализирање и ограничување на протокот, во согласност со бројот на мигранти што ќе го прифатат државите во Европа кон кои тие се упатуваат.

Сепак, ваквиот чекор…