Советот ја усвои завршната сметка на Буџетот на Општина Илинден за 2014 година

Советот на Општина Илинден ја усвои завршната сметка за реализација на Буџетот за 2014 година. Вкупната реализација на Буџетот за 2014 година изнесува 98,59% од планираниот буџет.

На 30-та редовна седница на Советот, покрај ова, советниците го разгледаа и Годишниот извештај за работењето на Општина Илинден во 2014 година, а беа донесени и повеќе значајни одлуки од интерес на граѓаните на Општината, меѓу кои и Одлуката за преземање на обврските за плаќање на воден надомест за одводнување од индивидуалните водокорисници.