Балкан

Советот на Европа ја предупреди Турција

Советот на Европа ја предупреди Турција

Советот на Европа ја предупреди Турција дека мерките за зајакнување на контролата над правосудството ќе ја ослабат довербата во државата и ќе ја изложат на опасност демократијата во земјата, што се надева на членство во ЕУ, пренесе „АФП“.

Коментарот на комесарот во Советот на Европа за човекови права Нилс Мужниекс доаѓа како резултат на новата чистка меѓу високите обвинители и кампањата на Владата за зајакнување на контролата над највисокиот правосуден орган во Турција.

„Ограничувањето на независноста на судството ќе биде закана за него и ќе ја ослабне довербата на општеството не само во судството, туку и во државата како целина“, рекол Мужниекс во интервју за „АФП“.

„Притисокот, применет врз правосудниот систем , претставува опасност за демократијата на Турција , без разлика што го мотивира“, додал комесарот.