Советот на Јавни обвинители повтроно не даде зелено светло за тимот на Јанева

договорот на политичките партии“, изјави претседателот на Советот, Петар Аневски.

Јанева останува да ставот дека нема да се откаже од својот тим.

На денешната редовна седница на Советот присутни беа и претставници на ОБСЕ и американската амбасада.

 

Изминатиот викенд, четирите политички партии, потписнички на договорот од Пржино, се договорија да испратија писмо со кое што ќе се апелира до Советот на јавни обвинители во најкус можен рок да закаже седница на која ќе се расправа и ќе се поддржи предлогот на Специјалниот јавен обвинител за избор на целиот нејзин предложен тим.

Партиите во писмото испратено до Советот на јавни обвинители и до Уставниот суд, бараа Советот в понеделникот да ги избере останатите седуммина обвинители од предлогот на Јанева.

Иако, беше закажано, избраните седум помошници на Јанева, по нејзина иницијатива, в понеделникот не се појавија да дадат свечена изјава во Советот за обвинители, иако е тоа нивна законска должност.