Советот за безбедност ја нападна Русија за нередите во Украина

САД ја обвинија Русија дека е одговорна за крвавите борби на истокот на Украина на седницата на Советот за безбедност на ОН, свикана по барање на Москва, пишува „Дојче Веле“

Американската амбасадорка Саманта Пауер, на вонредната седница во Њујорк посочила дека ваквата форма на нестабилност е најлоша и е целосно вештачки создадена од Русија. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин ги отфрлил обвинувањата, тврдејќи дека безредијата ги „потпалува“ Украина.

Ниту една од останатите 14 земји на Советот за безбедност во текот на дебатата не застанала на страната на Русија. Москва не добила поддршка ниту од Кина. Кинескиот претставник само апелирал до сите страни да бидат воздржани.