Советот за безбедност на 25 август ќе расправа за Косово

Советот за безбедност на ОН на 25 август ќе ја разгледа ситуацијата на Косово врз основа на редовниот извештај на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, објавено е на сајтот на светската организација.

Бан Ки Мун во претходниот извештај оцени дека остануваат уште неколку предизвици во примената на Бриселскиот договор кои го постигнале во Белград и Приштина во април 2013 година, посебно кога се работи за воспоставување на Заедница на српски општини на северот на  Косово.

Покрај седницата за Косово, во текот на овомесечното претседателствување на Велика Британија со Советот за безбедност на ОН, ќе бидат организирани и состаноци и консултации за ситуацијата на Блискиот Исток и Украина.