Советот за безбедност на ОН доби пет нови непостојани членки

Советот за безбедност на ОН од денеска до 31 декември 2016 година ќе има нови пет непостојани членки – Ангола, Венецуела, Шпанија, Малезија и Нов Зеланд.

Овие пет земји ќе ги заменат во оваа клучна структура на светската организација Австралија, Аргентина, Луксембург, Јужна Кореја и Руанда.

Во СБ на ОН има вкупно 15 држави, од кои Русија, Кина, Велика Британија, САД и Франција се постојани членки, додека половина од останатите 10 се избираат на двегодишен период од страна на Генералното собрание.