Советот за безбедност на ОН едногласно усвои нови санкции за Северна Кореја, САД направија значителни отстапки

© EPA/ANDREW GOMBERT

Советот за безбеднос при Обединетите нации во понеделнкот едногласно ги усвои новите санкци против Северна Кореја по нејзиниот шести и досега најмоќен нуклеарен тест од 3-ти септември и ѝ наметна забрана на извоз на текстил и ограничување на увоз на сирова нафта, што е значителна отстапка на САД кои ја отфрлија идејата за целосна забрана за снабдување со нафта и деривати на оваа земја, како и други остри мерки.

Станува збор за деветта резолуција за санкциите против Северна Кореја којашто е излгасана еднострано во 15-члениот Совет за безбедност при ОН од 2006 годна, во врска со балистичките и нуклеарни програми на оваа земја.

САД го ублажија првичниот текст од резолуцијата за да ја здобијат поддршката од севернокорејските сојузници, во прв ред Кина, којашто во Советот за безбедност секогаш последните години ја има поткрепата од Русија, и обратно. Двете земји, покрај САД, Велика Британија и Франција го имаат ексклузивното право на вето.

Извозот на текстил во минатата 2016 година бил втор по обем извоз на Северна Кореја, по јагленот и другите минерали, оставрувајќи вредност од 752 милиони американски долари, покажуваат податоците на надлежната севернокорејска агенцја. Близу 80 отсто од овој извоз оди во Кина.

Резолуцијата става забрана и на кондензираниот и течниот природен гас, огрничување од 2 милиона барели годишно непреработена нафта, како и ограничување на увозот на постојното ниво. Северна Кореја во овој сектор во прв ред се снабдува од Кина.

Според изјавата за Reuters на неименуван американски функционер, близок на текот на преговорите во Советот за безбедност, Северна Кореја увезува околу 4,5 милиони барели нафтени преработки годишно и 4 милиони барели сирова нафта.

 

Дали земјите ќе ја почитуваат новата разолуција за санкциите за Пјонгјанг

Сепак, резолуцијата на Советот за безбедност при ОН, на која ѝ е доделена ознаката 2375, носи режим на санкции против Северна Кореја на досега невиден остар степен. Се претпоставува дека збирот од мерки, коишто уште вклучуваат и ембарго на извозот на севернокоејскиот јаглен, железна руда, морски продукти, како и други суровини и минерали, ќе го лиши Пјогнјанг од средства коишто би му овозможиле да ги продолжи своите програми за развој на балистички проектили и нуклеарно оружје.

Покрај тоа, останува прашањето колку совесно земјите ќе ја применуваат резолуцијата на Советот за безбедност. На пример, во неодамнешниот извештај на Советот за безбедност експерите на ОН соопштија дека Франција, Индија, Ирска, Пакистан, Кина и уште седум земји последните години увезувале железо, челик и производи од црната металургија од Северна Кореја кршејќи ги претходните резолуции на Советот за безбедност.

 

Санкциите ќе скратат 90 отсто од проходите на Северна Кореја

Мерките предвидени со резолуцијата 2375 вклучуваат покрај забрана за увоз на севернокорејски текстил, така и ембарго на испораките на природен гас и негови кондензати. Покрај тоа, Советот за безбедност го ограничи извозот за Северна Кореја на нафтени производи. До 500 илјади барели во периодот од 1-ви октомври до 31-ви декември 2017 година и на над 2 милиона барели во текот на целата 2018 година и следните години. Земјите, кои вршат вакви испораки, се должни во период од 30 дена да пријавата во специјалниот комитет на Советот за безбедност за извршените испораки, со докази дека во нив не се вклучени „лица и организации коишто се поврзани со нуклеарната или ракетната програма на Северна Кореја“. Од своја страна, комитетот ќе ги извести земјите кога обемот на испораките на нафтените деривати се приближува до максимално дозволениот обем.

Во резолуцијата усвоена во понеделнкот не се определени конкретни ограничувања на извозот на нафта во Северна Кореја. Наместо тоа, во текстот се вели дека продажбата на јаглеводороди во следните години нема да го надмине обемот на испораките во последните 12 месеци. Според нацрт-резолуцијата, пак, тие ограничување нема да бараат одобрување од комитетот на Советот за безбедност за продукти кои имаат хуманитарен карактер и не се поврзани со нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг.

Советот за безбедност, исто така, забранува заднички со правни лица од Северна Кореја и ги овластува земјите да вршат инспекции на отворено море на бродови осомничени за кршење на ембаргото кон Пјонгјанг.

Според американските податоци, заедно со ограничувањата наметнати со преходните резолуции на Советот за безбедност при ОН, спроведувањето на новие мерки ќе овозможат Северна Кореја да биде лишена за повеќе од 90 отсто од приходите од извоз на сировини и стоки коишто во 2016 година изнеувале 2,7 милијарди американски долари. Само од продажбата на текстил оваа земја заработила околу760 милиони долари. Покрај тоа, новата резолуција ќе ги намали испораките на нафта и деривати за 55 отсто од сегашните 4,5 милиони барели годишни, а вкупниот увоз на јаглеводороди, доколку доследно се применуваат санкциите, ќе се намали за 30 отсто, соопшти постојаната мисија на САД при Обединетите нации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.