Советот за безбедност на ОН ќе ја разгледува сосотојбата на Косово

Советот за безбедност на ОН ќе одржи денеска седница на која ќе биде разгледан најновиот извештај на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за ситуацијата на Косово, а на која ќе зборува и српскиот претседател Томислав Николиќ, јави Танјуг.

Николиќ претходно најави дека од генералниот секретар на ОН ќе побара да се организира донаторска конференција за санирање на последиците од катастрофалните поплави во Србија, како и оти за тоа ќе побара поддршка од СБ.

Српскиот претседател ќе има и билатерална средба со генералниот секретар на ОН.

Бан во редовниот тримесечен извештај за Косово од 21 јануари до 15 април, оцени дека има уште предизвици во имплементацијата на одделни одредби од Бриселскиот договор, особено во врска со формирањето на Заедницата на српски општини на Косово.