Советот за безбедноста не го поддржа предлогот на Русија за истрага во Одеса

Советот за безбедност на ОН не го поддржа предлогот на Русија за спроведување на истрага за случувањата во јужниот украински град Одеса, на почетокот на мај кога загинаа 48 лица, а преку 200 се повредени.

„Членовите на Советот на безбедноста не го поддржаа предлогот на Русија да побара од генералниот секретар на ОН да организира непристрасна истрага за случувањата во Одеса,“ изјави рускиот амбасадор при светската организација Виталиј Чуркин.

Причината за смрт на повеќе од 48 лица во Домот на синдикатит во Одеса на 2 мај е труење, изјави началникот на регионалната управа на украинската Служба за вонредни ситуации Владимир Боделан.

Во Домот на синдикати во Одеса, пронајден е хлороформ, кој предизвикува сопирање на дишењето, а тоа и беше причината за смрт на овие лица.Во болниците во Одеса уште се наоѓаат шестмина од повеќе од 200 повредени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.