Советот за Европа ќе го поддржи дијалогот меѓу Ерменија и Турција

Генералниот секретар на Советот за Европа Турборн Јагланд денеска изјави дека ќе го поддржи дијалогот меѓу Ерменија и Турција, пренесе МИА.

Јагланд зборувајќи на општествено-политичкиот форум „Против злосторствата на геноцидот“ посветен на 100-годишнината од ерменскиот геноцид во 1915 година во Османлиската империја.

– СЕ е подготвен да го поддржи дијалогот меѓу Ерменија и Турција во сите можни формати, посочи Јагланд додавајќи оти наскоро Ерменија ќе изнајде начин за помирување со соседите, пред се преку иницијативи на цивилното општество чија цел е обновување на врските меѓу Ерменците и Турците.

До почетокот на Првата светска војна во Османлиската империја имало 2,5 милиони Ерменци. Во маскарот и депортациите во 1915 година се претпоставува дека загинале од 600.000 до 1,5 милиони Ерменци. Турската Влада го признава масакрот, но е против користење на терминот геноцид, а исто така спори и за бројот на жртвите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.