Македонија

Советување за бенефитите од вакцинацијата во Македонија

Советување за бенефитите од вакцинацијата во Македонија

Министерството за здравство, денеска, организира советување на тема – бенефитите од вакцинација во  Македонија со учество на експерти од релевантни области во медицината кои имаат долгогодишно знаење и искуство во областа на имунизацијата, како кај нас, така и во светски рамки.

Настанот ќе го отвори министерот за здравство Никола Тодоров.

Целта е размена на сручни искуства, знаења и најнови информации во областа на имунизацијата, со акцент на бенефитите од навремената вакцинација.

Настанот ќе се одржи во просториите на Деканат на Медицински факултет – сала за состаноци.