вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 55

Совршена летна храна: Тортиља од салата

Ова е совршено лесно јадење за топлите летни денови. Мошне лесно се вари, преполно е со витамини и минерали, не се готви и мошне брзо е готово. Исто така можете да ги менувате и состојките по желба.

tortilja-salata

Поврзани вести

Ова е совршено лесно јадење за топлите летни денови. Мошне лесно се вари, преполно е со витамини и минерали, не се готви и мошне брзо е готово. Исто така можете да ги менувате и состојките по желба.

Состојки:

  • 2 краставици
  • ½ помало авокадо
  • ½ филњан црни маслинки без семки
  • Кромид
  • Морков
  • Лист од магдонос
  • 2 лажици сок од лимон
  • 2 лажици маслиново масло
  • Жалфија и копар
  • 2 лажички сенф
  • Прстофат шеќер, сол и црн бибер

Подготовка:

Подгответе прелив за салата од сок од лимон, маслиново масло, сенф, шечер, сол и бибер. Сите состојки добро промешајтре ги во стаклен сад со капак и оставете на собна температура.

Излупете ги краставицата и авокадото, пресечете ги на половина. Од авокадото извадете ја коската, а од краставицата средишниот дел па исечете ја краставицата на ленти, а авокадото на помали коцки.

Изрендајте го морковот, кромидот исечете го на ленти, а маслинките на кругчиња. Ставете на исчистени листови од зелена залата, просејте со исечкан магданос, жалфија и копар и прелејте со претходно подготвениот прелив.

Најчитани вести