ВИДЕО: Како до совршени кадрици со тоалетна хартија?

Дали барате нови начини за да постигнете совршени кадрици?

Еве еден мошне едноставен и ефтин трик. Сега можете да добиете совршени кадрици без да ја прегревате косата.

Овој трик исто така е мошне практичен, ако сте отпатувале а со вас немате фигаро – се што ви треба е тоалетна хартија.

Видео блогерката Никол Скајс користи три ролни тоалет за да направи совршена фризура. Таа ги зема долгите прамени од косата, ги витка, а потоа ги врзува во јазол. Следното утро нејзината коса е совршена со здрави кадрици.

Погледнете го видеото и пробајте ја оваа нова фризура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.