Совршeни материјали за зима

Памукот и овозможува на кожата да дише и е мошне пријатен за носење, а волната грее повеќе од било кој материјал. Еве кои се најдобрите материјали за зима.

Истражувањата покажуваат дека кога купуваме облека, повеќе обрнуваме внимание на бојата и на дезенот отколку на материјалот, а тоа посебно важи за младите лица. Сепак веќе по првото перење и носење мораме да се соочиме со тоа дека новата блуза е мошне непријатна за кожата, дека џемперот не боцка, а дека во некоја кошула премногу се потиме. Облеката често е комбинирана од неколку материјали, природни и вештачки, а со оглед на тоа дека е мошне важен и нивниот процент, обрнете внимание на етикетата за да не трупате облека што не е пријатна за носење.

Кога ќе дојде студеното време, сите бараме облека што ќе не згрее.Пред да купите некое ново парче облека погледнете го неговиот состав, затоа што може да се случи за одреден производ да платите многу повеќе од тоа што реално вреди. Доколку станува збор за мешавина од материјали, пожелно е да содржи најмалку 30 отсто природни материјали. Облеката од целосно природни материјали воглавно е поскапа, но и попријатна за носење.

Памук

pamuk

И овозможува на кожата да дише и е мошне пријатен за носење. Тоа е особено важно во зима кога се облекуваме слоевито, па од студен воздух влегуваме во презатоплени простории, а немаме секогаш можност да се раскомотиме. Памукот не грее кога е студено, но го спречува потењето.

Волна

volna

Волната грее…