Совршeни материјали за зима

Волната грее подобро од било кој материјал, а откако ќе се стутка се враќа во првобитната состојба и практично немора да се пегла. Понекогаш може да боцка и затоа не треба да се носи на „гола кожа“, но постојат мешавини што го решаваат овој проблем. Мошне се популарни мерино, кашмир, мохер и ангора.

Полиестер и акрил

poliester

Со оглед на тоа дека станува за вештачки материјали тие не и дозволуваат на кожата да дише, но се мошне лесни за одржување, меки се и пријатни на допир. Најдобро е да ги носите врз памучна маица. Полисетерот често се користи како топла подлога за памучните капути и за џемпери. Акрилот е популарен пред се затоа што изгледа како памук или волна, но е многу поефтин. Сепак облеката што е направена од 100 отсто акрил тераб да ја избегнувате затоа што тоа не е материјал што не грее, туку само ја одржува телесната температура. Другиот проблем е што при промената на температурата веднаш почнуваме да се потиме, со оглед на тоа што овој материјал не пропушта воздух, а тоа може да биде прилично непријатно. Затоа производите од акрил треба да ги купувате само ако во составот имаат и некој природен материјал и тоа најчесто памук.