Совршено за прошетки: Сончево и топло време со температури до 17 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува умерен, долж Повардарието на моменти засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната  од 12 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

И во недела ќе се задржи слично време со утринска температура од минус четири до четири, а дневната од 10 до 17 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.