Совршен изглед на вашите нокти за 1 секунда

Лаковите за нокти „1 seconde“ на Bourjois мошне брзо се нанесуваат. За само една секунда вашите нокти се како штотуку да сте излегле од салон, благодарение на посебната гел текстура.

Станува збор за лак за нокти, кој се нанесува само во еден слој. Лакот е збогатен со силикон што им дава на ноктите совршена облина и сјај.

Неговата тајна е во посебната четкичка која има форма на ладало и која се прилагодува на големината на секој нокт. Со неа за само една секунда и со еден потег ќе го добиете бараниот резултат.

Овој лак е достапен во 14 нијанси, а се нанесува како обичен лак за нокти. Времето за сушење е околу 50 секунди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.