Магазин

Совршенство кое вашата кожа мора да го почувствува

Совршенство кое вашата кожа мора да го почувствува

Доколку сакате течна пудра која ја нанесувате наутро и која трае цел ден без никакви поправки, тогаш Double wear make up пудрата на Есте Лаудер е вистинскиот избор за вас.

este_2Оваа пудра стои непроменета и до 15 часа, а воопшто нема ниту да ја чувствувате на вашето лице. Со нејзина помош во текот на целиот ден шминката ќе изгледа свежо и ќе ви обезбеди природен изглед и при промена на температурата, за време на дожд, како и за време на физичка активност.

Double wear make up нема да ја промени бојата, ниту ќе остави траги на вашата облека. Таа е ваш сојузник во зачувувањето на утринската свежина на лицето и на шминката. Со неа знаете дека вашиот лик ќе остане непроменет во текот на целиот ден.