Создаден препарат за превенција од ХИВ?

Француските научници објавилe дека создале препарат способен за 90 отсто да го намали ризикот од инфекција со ХИВ.

Весникот „Индепендент“ пишува дека препаратот бил тестиран на луѓе од ризичните групи, а земањето на овој лек треба да биде по сексуалниот однос.

Инаку, пронајдокот веќе го нарекуваат „најголемиот напредок во борбата со инфекцијата со ХИВ вирусот“, а самите научници велат дека им пошло од рака да постигнат „значително намалување“ на ризикот од заразување.

Од своја страна, фондациите за борба против СИДА-та веќе побараа универзално да се применува принципот „профилакса пред контактот“, истакнувајќи дека тој ја докажал својата ефикасност во САД. Доколку таквите апчиња се употребуваат секојдневно, тоа може значително да ги намали трошоците за здравствената заштита во сферата на превенцијата на вирусот на имунолошкиот недостиг.

Се смета дека вкупно во светот има 34 милиони луѓе кои се носители на ХИВ вирусот. Најголемиот број од инфицираните се во Етиопија, Нигерија, Замбија, Јужноафриканската Република и Зимбабве. Потоа следуваат земјите во Латинска Америка, па оние од Централна и од Јужна Азија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.