петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 55

Создадена првата вакцина против ХИВ: Почнуваат тестирањата

Годинава би требало да почне тестирањето на новата вакцина против ХИВ во Јужна Африка, пишува Спутник Њуз.

vakcina-hiv

Последни вести

Годинава би требало да почне тестирањето на новата вакцина против ХИВ во Јужна Африка, пишува Спутник Њуз.

Како што наведува рускиот портал, прелиминарните тестови за вакцината наречена HVTN100 покажале доста оптимистички резултати.

Научниците ја направија експерименталната вакцина во Тајланд во 2009-тата година. Првично таа беше наречена RV144, а се работи за прв голем успех по неколку години работа. Една година по тестирањето од 2009-тата, ефикасноста на оваа вакцина била проценета на 60 отсто. Но, по 3,5 години тестирања ефикасноста се намалила на само 31 отсто.

Вакцината е модифицирана, а бил додаден и катализатор со цел да се засили имунолошкиот одговор на телото. Научниците исто така ја модифицирале вакцината за подобро да се бори против специфичните видови на ХИВ вирусот што е ендемичен за Африка.

Во прелиминарните испитувања спроведени минатата година учествувале 250 лица. Годинава вакцината ќе биде тестирана врз 5.400 лица во четири јужноафрикански градови, а ќе продолжи уште три години.

Сепак, научниците предупредиле дека самата вакцина нема да биде доволна за да се обезбеди заштита од оваа болест, туку намерата на лекарите е таа да дејствува заедно со постоечките мерки, а тоа значи вклучување на превенцијата, третманите и општествената интервенција.

Најчитани вести