Македонија

СОЗР: „Лирџетот“ е спремен за летање по смената на делови и тестирањата

СОЗР: „Лирџетот“ е спремен за летање по смената на делови и тестирањата

СОЗР соопшти дека направена е комплетна контрола, проверка и тестирањe на авионот Лирџет 60. Констатирано е дека во текот на летот се појавил проблем во функционирањето на системот за пресуризација. Извршена е промена на системи и делови од авионот. Извршена е промена на левиот и на десниот мултифункционален прекинувач (squad switch system), кој е во директна корелација со системот за пресуризација. По промените и тестирањата од страна на сервисерот е потврдено дека авионот е исправен за летање. Последен редовен сервис на авионот е направен на почетокот на април.

Инспекторите и пилотите од македонските воздухопловни институции кои во Нирнберг заедно со овластениот сервисер Аеро-динст, направија контрола, проверка и тестирања на владиниот авион Лирџет 60, по враќањето во Скопје, до Службата за општи и заеднички работи, ги доставија првичните извештаи и информации за состојбата на авионот.

СОЗР соопшти дека направена е комплетна контрола, проверка и тестирањe на авионот Лирџет 60. Констатирано е дека во текот на летот се појавил проблем во функционирањето на системот за пресуризација. Извршена е промена на системи и делови од авионот. Извршена е промена на левиот и на десниот мултифункционален прекинувач (squad switch system), кој е во директна корелација со системот за пресуризација.

Извршена е промена на вентилот за проток на воздухот (flow control valve). По промената на наведените системи и делови, извршени се и тестирања на авионот Лирџет 60. Извршено е тестирање со проверка на миксер вентилите на левиот и на десниот мотор, со моторите пуштени во погон. Извршен е оперативен тест за пресуризација, со авионот на земја.

Извршено е тестирање на системот за пресуризација во сите три можни оперативни начини на функционирањее, автоматски (auto), мануелен (manual) и итен (emergency), со авионот во воздух.

Добиена е комплетна документација од сервисерот Аеро-динст за овие промени и тестирања, и по промените и тестирањата од страна на сервисерот е потврдено дека авионот е исправен за летање.

Инаку, последниот редовен сервис на владиниот авион е направен на почетокот од април.