СП ракомет: Македонија денеска на мегдан со Австрија

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Мундијалот во Катар против селекцијата на Австрија.

Во однос на денешниот противник нашата репрезентација има бод повеќе, па во борбата за второто место на Македонија и одговара и нерешен резултат. Почетокот на натпреварот е во 17 часот, а претходно ќе биде завршен и дуелот од А група Шпанија – Словенија, по што ќе биде и познат ривалот на Македонија во осминафиналето.

Дуелот меѓу Македонија и Австрија, кој директно решава за освојување на второто место на табелата во Б групата ќе го судат Данците, Мадс Хансен и Мартин Гјединг.

Двојки 5. коло група Б: Македонија – Австрија, Тунис – Иран, Хрватска – Босна и Херцеговина.

Табела: Хрватска 8, Македонија 6, Австрија 5, Тунис 3, БиХ 2, Иран 0.

Двојки 5.коло група А: Бразил – Чиле, Словенија – Шпанија, Катар – Белорусија.

Табела: Шпанија 8, Катар 6, Словенија 6, Белорусија 2, Бразил 2, Чиле 0.