СП во Катар ќе се игра во зима

Генералниот секретар на ФИФА, Џером Валке, откри дека голема е веројатноста, Светското првенство во Катар во 2022 година да се игра во период меѓу 15 ноември и 15 јануари.
“„Искрено, мислам дека Светското првенство во Катар ќе се игра во периодот меѓу 15.ноември и 15.јануари. Временските услови во тој период се најдобри за фудбал, речиси идеални, околу 25 степени Целзиусови”, изјави Валке.
За разлика од генералниот секретар, потпретседателот на ФИФА, Џим Бојс, откри дека последниот збор околу тоа кога ќе се игра Мундијалот во Катар го има Извршниот одбор на ФИФА.

„Шокиран сум од изјавата на Валке. Колку што знам јас, за тоа во ФИФА треба допрва да се разговара. Не знам дали тој го искажал својот личен став, но знам дека Извршниот одбор се уште не одлучувал за тоа“, изјави Џим Бојс.