Шпага во живо: Сакаше да излезе забавна, но само се повреди

Сигурно никогаш не сте очекувале во емисија за готвење да видите како водителката прави шпага.

За жал една водителка се обиде да го стори тоа во емисија во живо, но успеа само да се здобие со повреда.

Иако не е познат развојот на ситуацијата, на снимката се гледа како водителката која сакаше да изведе импресивен гимнастички потег не заврши најдобро. Таа се обиде со скок да направи шпага, но кога падна на земја повеќе не можеше да стане.

Остана да лежи на подот се додека колешката не и пријде за да провери дали водителката „гимнастичарка“ е повредена. Таа остана да лежи на подот се додека не се одјавиле од програмата.