„Спајс Грлс“ ќе распишат аудиција за две нови членки

Само три членки на групата „Спајс грлс“ прифатиле да одат на турнеја со што ќе ја одбележат 20-годишнината од постоењето.

За работната прослава што е планирана за следната година заинтересирани се Мелани Браун, Ема Бантон и Гери Хорнер, а наводно тие три наскоро ќе распишат аудиција за повторно да бидат пет на сцената.

Викторија Бекам веднаш одби да се појави на новото собирање со останатите девојки.

На настапите ми го исклучуваа микрофонот, за да не се слуша како пејам, призна неодамна Викторија која денес е позната дизајнерка.

Мелани Чисхолм неодамна исто така рече дека не сака да оди на турнеја, а тоа за останатите девојки од бендот беше голем шок затоа што сметаа на неа. Но тие заедно со продуцентите заклучиле дека може да ги заменат. Бендот последен пат настапуваше во оригиналниот состав во 2012-тата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.