Спалети сака да биде наследник на Алегри

Предводникот на рускиот прволигаш Зенит, Лучијано Спалети, призна дека е сериозно заинтересиран за опцијата да биде наследник на актуелниот тренер на италијанскиот калчо гигант Милан.

„Од тренерска гледна точка, сега е совршениот момент за да бидеш нов тренер на Милан. Сите знаат дека новиот тренер мора да донесе неколку промени во клубот, неколку промени во првиот тим. Заврши еден циклус и време е да стартува новиот циклус. Јас имам договор со Зенит до месец јуни, 2015 година, но нема ништо сигурно кога е во прашање фудбалската игра. Мора на се да бидеш подготвен”, изјави Спалети.

Трофејниот инталијански стручњак додаде дека со задоволство би соработувал со контроверзниот напаѓач на Милан, Марио Балотели.

„Зошто не би сакал да соработувам со Балотели? Јас веќе имам неколку совети за напаѓачот на Милан. Станува збор за многу силен фудбалер, за фудбалер кој поседува невиден квалитет. Марио има потреба од подршка, сака некој да биде покрај него, постојано да го чува, да го советува. Прашање е на време кога ќе биде дел од некој нов, чуден инцидент”, изјави Спалети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.