Шпанците супериорни против Чешка

Ракометарите на Шпанија во Вараждин во саботата беа супериорни во дуелот со селекцијата на Чешка со 32:15 (16:9), во првиот меч од првото коло од Групата Д од Европското ракометно првенство кое се одржува во Хрватска, во кое од 20,30 часот се среќаваат уште Данска и Унгарија.

Шпанците во првото полувреме постепено ја градеа предноста и на полувремето заминаа со седум голови разлика. Ваквата разлика беше одржувана и во првите десетина минути од второто полувреме, до резултатот 19:12, но потоа „црвената фурија“ со серијата 9:0 дојде до големата предност од 28:12. Пред крајот на дуелот Шпанија во еден момент имаше предност и од „плус“ 18 (31:14).

По пет голови за Шпанија постигнаа Валеро Ривера, Раул Ентериорс и Феран Соле., одека пет голови за Чешка постигна Станислав Каспарек.