понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 63

Шпанија го прогласи за незаконско Министерство за надворешни работи на Каталонија

Оваа одлука на судот автоматски значи запирање на активностите на Министерството за надворешни работи на автономната област до разгледување на барањето на Владата.

Шпанија го прогласи за незаконско Министерство за надворешни работи на Каталонија

Шпанија го прогласи за незаконско Министерство за надворешни работи на Каталонија

Последни вести

Уставниот суд на Шпанија како дозволиво го прифати барањето на централната Влада во Мадрид, со кое се бара формирањето на Министерство за надворешни работи на автономната област Каталонија да се се прогласи за незаконско, пренесе ТАСС.

Оваа одлука на судот автоматски значи запирање на активностите на Министерството за надворешни работи на автономната област до разгледување на барањето на Владата.

Претходно Владата на кралството поднесе барање до Уставниот суд во однос на одлуката на властите во Каталонија за формирање на редица институции, вклучувајќи го и Министерството за надворешни работи. Тогаш раководството на автономната област соопшти дека сите чекори на каталонската Влада се координирани според Уставот на провинцијата.

На 9 ноември минатата година, Парламентот на Каталонија ја одобри резолуцијата за нејзината независност, што беше претставена како „почеток на процесот на создавање независна држава Каталонија како република“. Во документот се забележуваше дека процесот на стекнување независност „нема да се потчинува на одлуките на шпанските инстанци, вклучувајќи го и Уставниот суд“, што на овој начин би ја загубил легитимноста. По ова Уставниот суд на Шпанија оваа резолуција ја прогласи за незаконска.

Најчитани вести