Шпанија нема да преговара за нов референдум за независност

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека не планира да преговара за нов референдум за независност на Каталонија за време на разговорите со каталонскиот лидер Ким Тор, закажани за 9-ти јули во Мадрид.

Шпанската влада беше многу јасна по ова прашање во последниве години и ова не се промени, изјави Санчез за новинарите, пренсе „Спутник“.

Ова е реакција на Санчез по изјавата на Тор за време на посетата на Вашингтон завчера, кога рече дека ќе му предложи на Санчез нов референдум за независност за Каталонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.