Шпанија: Уапсен Мароканец за поврзаност со ИД

Шпанската полиција денес во Валенсија уапсила марокански државјанин, кој е осомничен дека регрутирал борци за терористичката Исламска Држава и ја промовирал екстремистичката група на социјалните мрежи, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува „Танјуг“.

Како што се наведува, тој бил во контакт со голем број припадници на ИД од кои некои се добро познати како поединци што дејствуваат во зоните на конфликт во Сирија и Ирак.

Заедно со денешното апсење, Шпанија годинава уапси 25 лица осомничени за поврзаност со исламистичкиот екстремизам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.