сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Шпанската полиција запленила 20.000 униформи за исламисти

spanija

Последни вести

Шпанската полиција соопшти дека запленила околу 20.000 воени униформи наменети за џихадистите во Сирија и во Ирак, што претставува доволна количина да се опреми цела војска.

Униформите се пронајдени во три контејнери запленети на пристаништата во Валенсија и Аликанте, пренесува Танјуг.

Во таа прилика полицијата разоткрила операција на шверц на оружје на исламистите под маска на хуманитарна помош, соопшти полицијата.

Во акцијата се уапсени седум лица, од кои еден од нив е сопственик на фирма за продажба на половна облека.

На декларацијата на контејнерите пишувало дека станува збор за половна облека, со цел да не предизвикаат сомнеж, и ја преминале границата без тешкотии, се наведува во соопштението на шпанската полиција.

Најчитани вести