Шпанската влада ги презема надлежностите над Каталонија

© AFP 2017 / Juan Carlos Hidalgo / Pool

Шпанската влада го активираше во саботата членот 155 од Уставот со кој има намера да ја преземе контролата над регионалната влада и да ја суспендира автономијата на покраината Каталонија, и во рок од шест месеци да спроведе таму предвремени парламентарни избори, откако оваа автономија по референдумот прогласи независност од Шпанија, објави во Мадрид шпанскиот премиер Маријано Рахој.

Шпанските министерство треба да ги преземат надлежностите над функциите кои сега ги извршува каталонската влада, што вклучува оставки на актуелните членови на регионалната влада, а каталонскиот парламент нема да семе да донесе ниедна одлука којашто ќе биде оценета како спротивна на шпанскиот устав.

Исто така, каталонските јавни медиуми ќе бидат под управа на владата во Мадрид, одлучено е во саботата по состанокот на кабинетот на министрите во Мадрид кој траеше три часа.

Изборите во Каталонија ќе бидат распишани во рок од шест месеци, откако овие мерки ќе ги одобри горниот до на шпанскиот парламент, во кој владејачката Народна партија (PP) на десниот центар на Маријано Рахој има мнозинство, и каде што гласањето се очекува во петок на 27-ми октомври.

„Моравме да го активираме членот 155. Тоа никогаш не беше наша желба, ниту намера. Тој се воведува само во вонредни ситуации. Го активиравме бидејќи ниедна влада не може да дозволи кршење на законот“, рече Рахој.

Таа мерка никогаш не е користена откако влезе во уставот на сила од 1978 година, кога Шпанија по завршувањето на режимот на хунтата на Франциско Франко. Овој член ѝ овозможува на шпанската влада употреба на сила и распуштање на каталонските институции и исто така овозможува распишување на предвремени парламентари избори во покраината на североистокот од земјата. Политичките коментатори оваа ситуација ја опишуваат како „пат во непознато“ којашто може да доведе до немири.

„Се отстрануваат од власт луѓето коишто ја поставија оваа самоуправа надвор од законот, уставот, и статутот на Каталонија“, изјави Рахој. Министерскиот кабинет за отстранување на претседателот, потпретседателот и советниците на генералитетот ќе се обрати до Сенатот. Притоа „администрацијата на генералитетот ќе стане обична администрација, но под раководство на новоименуваните власти“, додаде Рахој.

„Има четири цели за примената на овој член. Да се врати владеењето на законот, да се врати ситуацијата во нормала и соживот, да се продолжи со економското закрепнување и да се организираат избори во Каталонија“, додаде Рахој.

Тој притоа нагласи дека „не е суспендирана автономијата на Каталонија и на нејзината влда, туку се преземаат надлежностите за да се спроведе законот“.

„Ова беше едностран процес на каталонската влада кој бараше судир, кој нѐ притискаше да прифатиме нешто што не го сакавме ниту можевме да го прифатиме“, додаде шпанскиот премиер алудирајќи на референдумот за независност на Каталонија од 1-ви октомври.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.