Шпански ориз зачинет со крцкава сланина

Оризот се употебува многу често во македонската кујна. Ова е рецепт за варен ориз со крцкава сланина!

Начин на подготовка:

Кромидот, лукчето и пиперката се пржат во масло додека да омекнат. Се додаваат доматите, а нешто потоа се додава и оризот. На една шолја басмати ориз се ставаат две исти шлји вода и една иситнета коцка за супа.

Малку е поинаков од обичниот ориз, затоа што не е печен, туку варен па потоа мешан со сите состојки.

Се зачинува со сол и бибер по вкус, а потоа се остава состојките да се варат на тивок оган пориени со капак 15 до 30 минути. Оризот, а и целото јадење е готово кога целата течност од тавчето ќе испари. Од горе се става пржена сланина, малку шери патлиџанчиња и магдонос.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.