Шпански скали, сепак, ќе се градат на плоштадот „Макeдонија“

Шпанските скали сепак ќе се градат на плоштадот „Макдонија“
Шпанските скали сепак ќе се градат на плоштадот „Макдонија“

На градскиот плоштад, сепак, ќе се градат фамозните шпански скали кои практично ќе бидат дел од хотелот што ќе се гради на просторот пред „Лумикс“.

Албанскиот инвеститор „Амадеус девелопмент ДООЕЛ“ го купи земјиштето во октомври, 2013 година, за околу 1,6 милиони евра. Општина Центар веќе му има издадено дозвола за градба за објектот, а денеска, и градските советници му дадоа зелено светло за изградба на скалите, бидејќи делот каде што треба да се изградат е под надлежност на Градот.

Како што стои во образложението, Градот му дава согласност и право на градење на инвеститорот, откако тој претходно доставил проектна документација за наведената локација.

Реализацијата на овој објект ќе придонесе за надополнување на функционалноста на просторот, реализација на Деталниот план и негово идентификување, како и атрактривност на просторот. Во рамките на овој проект, Градот Скопје нема финансиски импликации во поглед на  изградба на партерен дел – надворешни скали на дел од плоштад Македонија од причини што Инвеститорот ја превзема обврската на своја сметка да ги изгради, појаснуваат од Градот.

Градската власт претходно го ослободи инвеститорот „Амадеус девелопмент ДООЕЛ“ од 50 отсто од надоместокот за уредување на градежно земјиште за изградба на „Две комерцијални и деловни намени со хотел според ДУП-от „Мал ринг“.

Според претходните најави, објектот со хотел кој ќе биде изведен во неокласичен стил, ќе биде висок 16 метри или приземје и три ката.

Изградбата на овој дел од плоштадот, предвиден со најновите измени на ДУП-от Мал ринг, предизвика лавина реакции во стручната јавност, особено поради можното нарушување на визурата од Портата Македонија кон фонтаната „Воин на коњ“.

PSE-99-03-06

slikadva