Шпанскиот суд ја одби жалбата на Нејмар: На фудбалерот му се заканува затворска казна!

Врховни суд на Шпанија ја одби жалбата на бразилскиот фудбалер Нејмар, кој сега ќе мора да се појави на суд како би сведочел за наводната корупција и нерегуларности при неговиот трансфер од бразилскиот клуб Сантош во Барселона во 2013 година.

-Жалбата на Сантош, Барселона, Нејмар и неговата мајка Надин Гонсалвеш да се одфрлат обвиненијата за измама и корупција се одбиени. На оваа одлука нема право на жалба, се вели во соопштението на судот.

Шпанско обвинителство бара од Националниот суд во Мадрид, фудбалерот на Барселона Нејмар да биде казнет со две години затвор и парична казна од 10,6 милиона долари, а исто така парична казна да платат и клубовите и тоа Сантош во висина од 9 милиони, односно Барселона да плати 7 милиони долари.

Постапката е покрената по жалбата на бразилскиот инвестициски фонд „ДИС“ кој беше сопственик на 40% од правата на Нејмар. Фондот тврдеше дека му е скратено правото на надомест при трансферот на Нејмар од Сантош во Барселона.

neymar-jr-barcelona_7awoaf6vkyqu1x1ldzzgxxg45

Тогаш каталонскиот клуб тврдеше дека трансферот е вреден 57,1 милион евра, од кои 40 милиони за  Нејмар, а останатите 17,1 милиона за Сантосу, од што компанијата „ДИС“добила 6,8 милиони евра.

Сепак, шпанскиот суд наведува дека трансферот е вреден 83,3 милиони, по што следуваше жалбата од компанијата „ДИС“ која смета дека Барселона го прикрила вистинскиот износ и дека на „ДИС“ му исплатила помалку пари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.