Шпаркасе банка е новиот учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност

шпаркасе

Дозволата е издадена на денешната седница на Комисијата за хартии од вредност на  Република Македонија со која претседаваше Претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска.

Како што информираат од Комисијата за хартии од вредност, Одделението за работи со хартии од вредност ќе ги врши сите услуги со хартии од вредност како што се купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, купување и продавање на хартии од вредност по налог и за своја сметка, управување со портфолио на хартии од вредност, вршење активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за јавна понуда на хартии од вредност ,дејствување како покровител при котација, инвестициско советување, активности за сметка на трети лица за преземање на акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва, чување хартии од вредност, прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност и вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје преку Одделението за работи со хартии од вредност ќе биде 11-ти овластен учесник на пазарот на хартии од вредност во РМ.

На седницата, КХВ обнови една дозвола за брокер и издаде една лиценца за инвестициски советник.