Спас за секоја домаќинка: Раствор што ги чисти сите видови дамки

Рецептот е мошне прост, а средството што ќе го добиете можете да го употребите за отстранување на било какви дамки.

Најважно е дека, ова средство не содржи никакви хемикалии што би можеле да предизвикаат алергиска реакција на кожата кај децата и кај возрасните.

Состојки:

  • 1 филџан превриена вода,
  • Половина филџан сода бикарбона
  • Половина чаша хидроген (3%)

Подготовка:

Истурете превриена вода врз сода бикарбоната. Почекајте да се олади и содата во целост да се раствори, а потоа додадете хидроген. Промешајте се добро и ставете го во шише со прскалка и вашето средство за отстранување дамки е готово.

Испрскајте ги дамките и оставете да дејствува неколку часа. Доколку се работи за постара дамка, потопете ја ткаенината во средството и оставете да преноќи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.