Македонија

Спасен давеник во Вардар

Спасен давеник во Вардар

Гостиварецот Илјаз К. (61), бил извлечен вчера од водите на Вардар, кај селото Мало Турчане, откако во се уште неутврдени околности паднал во речното корито. По пружената медицинска помош, тој е надвор од животна опасност.

Според очевидци, давеникот го извлекле случајни минувачи кои забележале дека безживотно тело пловело по реката. Набрзо бил пренесен со возило на брзата помош во гостиварската општа болница, каде е здржан на лекување.

Давеникот, најверојатно околу 14 часот, движејќи се по брегот на Вардар од невнимние паднал во водата.

Од СВР Тетово информираат дека по пријавата, работат на расветлување на случајот, каде како паднал во реката.