Македонија

Спасен кочанчанецот кој си го отсече половиот орган

Спасен кочанчанецот кој си го отсече половиот орган

Кочанчанецот кој си го пресече пенисот самостојно мокри, а ќе може да има и секс и деца. По неколку часовната операција уролозите успеаа да го спасат 22 годишното момче кое со секира си го отсече половиот орган, јавува порталот Здравство24.

Хирургот Сашо Дохчев прво целосно го сопрел крварењето и успеал да направи корективна операција.

-Направивме корективна операција и обликување на пенисот, како и корективна операција на мочниот канал, односно уретрата, вели д-р Сашо Дохчев, хирург уролог од Клиниката за Урологија.

По интервенцијата момчето не сака да комуницира со никого. Ниту на лекарите не им ја кажал причината зошто се одлучил за овој грозоморен чин. За месец дена ќе му биде направена уште една операција, а во меѓувреме задолжително ќе разговара со психијатри.

-Со уште една операција ќе се обидеме да ги вратиме трите функции на половиот орган на момчето, тоа се еректилната, уринарната и репродуктивната функција, додаде урологот Дохчев.

Годинава ова е втор ваков случај на Урологија. Пролетта психички болен радивишанец со жилет си го отсекол пенисот. Од Клиниката велат дека за него немало спас. Сличен случај имале и пред 40 години кој исто така завршил без успех.