четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 85

Спасени 1.400 емигранти од Средоземното море за 24 часа

Околу 1.400 мигранти, сместени во седум различни пловни објекти, вчера беа спасени во повеќе координирани операции во водите на Средоземно Море .

море

Поврзани вести

Шест од седумте пловила биле гумени чамци, изјави припадник на италијанската крајбрежна стража, која ги координирала спасувачките операции.

Само во еден од чамците, чии патници биле спасени од брод со кој управувале припадници на хуманитарната организација „Лекари без граници“, се наоѓале околу 800 лица, вклучувајќи и речиси дваесетина деца, наведе организацијата.

Од почетокот на ноември речиси 5.400 мигранти се пристигнати во Италија, што е драстично зголемување во однос на 3.200 во текот на целиот ноември  минатата година, потсетуваат француските медиуми.

Во водите на Средозмено Море годинава настрада повеќе од 4.000 мажи, жени и деца, наведуваат меѓународните организации.

Најчитани вести